Крај на приказната: Донарума дефинитивно го напушта ПСЖ

Францускиот и европски шампион ПСЖ донесе одлука да го отпише италијанскиот голман Џанлуиџи Донарума од плановите за следната сезона, што значи дека ќе го продаде ова лето.

Донарума е во лоши односи со управата на парижаните, но и тренерот Луис Енрике, поради што францускиот гигант реши да се ослободи од неговите услуги.

Италијанецот дефинитивно ќе го напушти ПСЖ, а клубот ќе се обиде летово да го продаде на некој од заинтересираните тимови.

За услугите на Донарума беа заинтересирани гиганти како Челси, Манчестер јунајтед и други.

Европскиот шампион претходно го ангажира голманот Лукас Шевалие кој стави потпис на петгодишен договор со францускиот гигант.

Фото: Facebook/PSG - Paris Saint-Germain