
Силекс со „петарда“ ја разнесе Брера на стартот на Првата лига
Фудбалерот на Брера, Никола Величковски заработи црвен картон во првото полувреме, откако со опасен старт го повреди дефанзивецот Џеков.
Силекс почна да ја полни мрежата на Брера од самиот почеток на вториот дел, откако најпрво Ферира Пирес стрелаше за 1-0, а потоа погоди и Кристијан Ефтимов.
Илија Донов беше стрелец на третиот гол, додека во листата на стрелци се запиша и Кристијан Велиновски, а на крајот Брера си ја „запечати“ судбината со автогол.
Резултати - Прва лига - 1. коло:
Шкендија – Шкупи 5-1
Вардар – Пелистер 4-1
Башкими – Арсими 1-1
Струга ТЛ – Македонија ЃП 2-0
Тиквеш – Работнички 0-0
Силекс – Брера 5-0
Фото: ФК Силекс