Кристал Палас залудно се жалеше - не доби дозвола за настап во Лига Европа!

Судот за спортска арбитража (ЦАС) денеска ја одби жалбата на премиерлигашот Кристал Палас против одлуката на Европската фудбалска унија (УЕФА) да го префрли од Лигата на Европа во Конференциската лига.

Со оваа одлука на ЦАС се потврдуваат местата на Нотингем Форест и Олимпик Лион во групната фаза на Лига Европа за оваа сезона.

Кристал Палас, со освојувањето на трофејот во ФА купот, обезбеди директен пласман во групната фаза на Лига Европа. Сепак, УЕФА подоцна реши лондонскиот клуб да го префрли во Лигата на конференции, а неговото место во Лигата на Европа да му го додели на Нотингем Форест.

Ваквата одлука беше донесена затоа што поранешниот сопственик на 43 проценти од акциите на Кристал Палас, Џон Текстр, истовремено е и мнозински сопственик на Олимпик Лион, кој исто така се пласираше во Лигата на Европа.

Фото: Facebook/Crystal Palace Football Club