Драма во грчката репрезентација: Јанис го пропушта Европското првенство!?

Грците можат да доживеат тежок удар ако се остварат најавите дека Јанис Адетокумпо нема да настапи на претстојното Европско првенство.

Тој не играше на турнирот на Кипар, одржан минатиот викенд, а последните информации не се охрабрувачки за грчкиот национален тим. Наводно, причините поради кои не отпатува на Кипар биле неплатено осигурување што веројатно ќе предизвика и негово неигање на Еуробаскетот.

Грција во Лимасол доживеа порази од Србија и Израел што е доволен показател колку вреди оваа репрезентација без најдобриот играч.