
Хрватот кој не потпиша за Фенер поради Мурињо - оди во Серија А!
Фенербахче и Риека го имаа договорено трансферот на Нико Јанковиќ за сума од 5,6 милиони евра. Но пред да се реализира, Мурињо „тропна на масата“ на раководството на Фенер и побара прво да му се донесат засилувањата кои вистински му требаат за новата сезона, а потоа да се купуваат фудбалери за иднината на турскиот клуб.
Така пропадна трансферот на Јанковиќ во Фенер, но можеби тоа ќе испадне и добро за него со оглед на тоа што интересот е голем.
Според „Тутомеркатовеб“, за Јанковиќ се интересираат Аталанта, Фиорентина и Болоња. Некој од овие три клуба може да биде следната дестинација за Хрватот.