Го расплака Ливерпул во пенал-рулетот, па го честеше цел паб (ФОТО)

Голманот Дин Хендерсон беше херој во победата на Кристал Палас против Ливерпул на пенали во Комјунити Шилд, а потоа направи потег кој ги воодушеви навивачите.

Хендерсон по натпреварот посетил локален паб во кој се собираат навивачите на лондонскиот тим и решил да ги почести присутните.

Кристал Палас го освои вториот пехар во нивната историја, откако претходно триумфираа и во ФА-купот.

Фото: Facebook/Crystal Palace Football Club