Илиевски не направи промена - истите 12 од дуелот со Романија ќе излезат и против Унгарија

Селекторот Марјан Илиевски на пат за Унгарија поведе 15 кошаркари, но одлучи на денешниот натпревар да настапи со истиот тим како минатата сабота против Романија.

На трибините ќе остана Марко Луканоски, Марко Миловановиќ и Никола Василевски, а на Унгарија ќе ѝ се спротивстават: Андреј Магдевски, Виктор Ташовски, Лука Стојановски, Валмир Какруки, Адем Мекиќ, Андреј Митревски, Амар Хот, Теодор Симиќ, Лука Савиќевиќ, Максим Митевски, Џејкоб Вајли и Тома Стојаноски.

Дуелот меѓу Унгарија и Македонија, од третото коло на претквалификациите за Светското првенство во 2027 година се игра од 18 часот во Арената Тисалигети во Солнок.