Комити и Чкембари со пароли за Карпалак ја кренаа Арената на нозе! (ФОТО)

Навивачките групи „Комити“ и „Чкембари“ на вечното дерби меѓу Вардар и Пелистер се потсетија на убиените македонски војници во масакрот кај Карпалак на 8 август 2001 година.

„Комити“ и „Чкембари“ со пароли за Карпалак и заедничко навивање ги кренаа сите присутни на Националната арена „Тодор Проески“ на нозе.

„Македонски маченици што денес се во рајот - Карпалак - 08.08.2001“, пишуваше на паролата на битолските навивачи.

„Прости ми моја најмила, сега јас сум ѕвездата Деница - Карпалак - 08.08.2001“, беше паролата на „Комити“.