
Бунт во Јунајтед: Соиграчите се свртеле против Хојлунд?!
По лошата сезона Хојлунд летово се поврзува со заминување од Манчестер јунајтед, но засега и понатаму е во клубот.
Според пишувањето на Островските медиуми проблемите на напаѓачот започнале пред официјално да дојде на „Олд Трафорд“. Имено, данскиот репрезентативец тогаш преминал во „СЕГ“ агенцијата која според мислењето на фудбалерите и раководството прави притисок и влијае на трансферите. Со тоа тој предизвикал недоверба кај неговите соиграчи.
Хојлунд бил соочен со голем број критики поради лошите игри на теренот, а во текот на летниот период покажа и незадоволство на теренот откако во една прилика Патрик Доргу не му ја додаде топката и се обиде да ја заврши сстатистиката.
Доказ за неговите проблеми е и статистиката. На последните 35 натпревари Хојлнд постигна само три гола и јасно е дека тоа е премалку во споредба со очекувањата кои ги имаа во клубот.
Фото: Manchester United/X