Заврши приказна долга 133 години: Згасна вториот најстар клуб во Холандија!

Со одлука на судот во Утрехт вториот најстар клуб во Холандија, Витесе, остана без професионална лиценца со што беше ставен крајот на приказна долга 133 години.

Од Витесе во Холандија постара е само екипата на Спарта Ротердам. Судот одлучи да го исфрли Витесе откако било утврдено дека клубот неколку години наназад не ги почитувал правилата за лиценцирање, иако бил предупредуван.

„Витесе добиваше „прилика по прилика“, но ниту една не искористи. Клубот не покажа никаков напредок“, изјави адвокатот пред судот.

Од Витесе се обиделе да го убедат судијата дека нивната иднина е сигурно бидејќи локални инвеститори ги преземале сите акции од досегашниот сопственик, но таквиот обид се покажа како безуспешен.

Клубот се жалеше на одлуката, меѓутоа утврдено беше дека основа за жалба немало.

Фото: Vitesse/FB