Дончиќ во клинч со Бонга на мечот меѓу Словенија и Германија (ВИДЕО)

На пријателскиот меч меѓу Словенија и Германија се случи инцидент во втората четвртина во кој учествуваа Лука Дончиќ и Исак Бонга.

По еден груб прекршок, Бонга реагираше агресивно, а тоа го налути Дончиќ кој тргна да се пресмета вербално со ривалот од Германија.

За среќа, интервенираа судиите и останатите кошаркари на теренот со цел да спречат посериозен инцидент.