Тер Штеген ѝ попушти на Барселона, па веднаш му ја вратија капитенската лента

Германскиот голман Марк-Андре Тер Штеген вчера остана без капитенска лента во Барселона, по што им забрани на клупските доктори да го посетат во неговиот дом по операцијата која ќе го оддалечи од терените неколку месеци.

По тензиите меѓу двете страни, откако Тер Штеген со недели одбиваше да замине од Барселона, следат први позитивни знаци меѓу двете страни.

Тер Штеген синоќа објави соопштение дека е подготвен да соработува со управата на Барселона и докторите, а поради тоа клубот веднаш му ја врати капитенската лента.

Германецот не е во плановите на тренерот Ханси Флик и се очекува во следниот период да си замине.

Фото: Facebook/Barcelona FC