Суперкомпјутерот пресмета кој ќе биде шампион на Премиер лигата

До почетокот на новата сезона во Премиер лигата остануваат уште десетина дена, а суперкомпјутерот на Опта пресмета каков ќе биде изгледот на табелата во овој шампионат на крајот од првенството.

Ако му се верува, титулата ќе ја одбрани Ливерпул кој последната сезона доминантно стигна до трофејот. Во топ-4 нема да има промени бидејќи прогнозата е дека второто место повторно ќе го освои Арсенал, третото Манчестер Сити, а четвртото Челси. Првата позначајна промена е на петтата позиција на која суперкомпјутерот смета дека ќе се најде Астон Вила, на местото на Њукасл кој таму заврши последната сезона.ж

Прогнозата е поразителна за Тотнем и Манчестер Јунајтед кои повторно нема да бидат не само во конкуренција за европските купови, туку во горниот дел од табелата затоа што за Спарс е предвидено е 14., а за „ѓаволите“ 12. место.

Сепак, оваа прогноза секако мора да се земе со резерва бидејќи лани беше предвидено шампион да стане Манчестер Сити, па „граѓаните“ на крајот го освоија третото место.