
Кошаркаркарската репрезентација замина за Унгарија со 15 кошаркари
Според планот, екипата од Скопје заминува за Истанбул каде има авио трансфер и оттаму ќе лета за Будимпешта од каде ќе замине за Солнок. Селекторот Марјан Илиевски на пат поведе 15 кошаркари, сите кои останаа во конкуренција по минатонеделниот рез, вклучувајќи ги Миловановиќ, Луканоски и Василевски кои не играа на првиот натпревар. Конечните 12 кои ќе ѝ се спротивстават на Унгарија ќе ги одреди в петок по вечерниот тренинг.
Дуелот против Унгарија се игра в сабота од 18 часот. Македонија минатиот викенд ги отвори претквалификациите со дуелот против Романија на домашен терен кој го загуби со 72-80. По натпреварот против Унгарија, репрезентацијата нема да се врати дома, туку ќе продолжи кон Орадеа каде на 13 август ќе го одигра реваншот против Романија.