„Шкендија е опасен тим, мораме да покажеме карактер од првата минута“

Тренерот на Карабах, Гурбан Губанов денеска ја одржа официјалната прес-конференција пред утрешниот натпревар во Скопје против Шкендија во третото квалификациско коло за Лигата на шампионите.

Карабах влегува како фаворит во натпреварот, но Шкендија и против  ФЦСБ во претходното коло покажа дека може да игра против квалитетни екипи.

„Натпреварот утре ќе биде многу важен. Фактот што првиот натпревар се игра тука е предност за противникот. Шкендија е добро подготвен тим и ќе мораме да бидеме претпазливи и да покажеме каактер од првата минута. Овој фактор сигурно ќе биде многу важен, мораме да се бориме за секоја топка. Се надевам дека во реваншот дома ќе се вратиме со позитивен резултат“, изјави Гурбанов.

Натпреварот на арената „Тодор Проески“ утре се игра во терминот од 20:00 часот.

Фото: Qarabağ FK/FB