По петте порази во низа на Европското првенство до 18 години, македонските кошаркари денеска ја забележаа првата победа против Белгија со 82-71 која не остави во игра за опстанок во елитата.

Двете репрезентации имаа свои моменти и се менуваа во водството, а Македонија натпреварот во своја корист го одлучи во последната четвртина кога белгиските кошаркари попуштија и не можеа да го следат темпото.

Почетокот на средбата припадна на Македонија, но набрзо Белгија направи пресврт, па по првиот период имавме негатива од 20-17.

Македонија не дозволи Белгија да се „одлепи“, па брзо во вториот период го вративме водството и на пауза заминавме со „плус едум“ (36-43).

Белгија не се откажа и се врати во третата четвртина, па дури и направи пресврт поведувајќи со 50-49. Неизвесноста беше присутна до крајот на четвртината и во последниот период се влезе со 54-54 на семафорот.

Последната четвртина помина комплетно во доминација на Македонија и од минута во минута нашата предност растеше, па дојдовме и до највисоките 13 поени предност на натпреварот (78-65).

Најефикасен во нашите редови беше Григориј Ѓорѓевиќ, додека по 17 поени постигнаа Никола Јаничиќ и Дарјан Димовски.

За нашите кошаркари сега следи натпреварот со Бугарија во кој ќе треба да победиме за да избориме опстанок во елитата.