
Јунајтед има „чудо од дете“: На 14 години постигна хет-трик за 22 минути (ВИДЕО)
Младинците на „црвените ѓаволи“ убедливо го совладаа Дерби Каунти со 4-0, а младиот Габриел го отвори резултатот уште во 5-та минута, а потоа погоди и во 14-та и 27-та, комплетирајќи хет-трик.
Scary hours.
— TheSecretScout (@TheSecretScout_) August 30, 2025
JJ Gabriel - 14-Year-Old playing U18s pic.twitter.com/iTQdVIBcxM
Иако досега има само три настапи за овој состав, младиот офанзивец веќе запиша пет погодоци, што ги натера навивачите дури да бараат да добие шанса и во првиот тим.
Сепак, тренерот Рубен Аморим засега не планира да го вклучи Габриел во сениорскиот состав, но не е исклучена можноста младиот талент повремено да тренира со првиот тим, со цел полесна адаптација на повисоко ниво.
Поради неговиот стил на игра многумина на Островот го споредуваат и со Ламин Јамал.