
На бекот на ПСЖ му се заканува затворска казна од 15 години поради силување
Барањето го потпишало обвинителството во Нант, а претствува клучен чекор во истрагата која трае повеќе од две години. Конечната одлука треба да ја донесе истражниот судија кој може да ја прифати или одбие препораката на обвинителството.
Случајот се темели на настани од 25 февруари 2023 година кога во домот на Хакими во западниот дел на Париз, фудбалерот, според тврдењата на една жена го извршил кривичното дело. На истражителите им раскажала како течела комуникацијата со Хакими и тврди дека тој ја присилил на сексуален однос и покрај нејзиното противење.
Нападот не го пријавила веднаш, туку следниот ден, а истрагата против фудбалерот е отворена на 3 март. Хакими од почетокот ги негира сите обвиненија, но ако се докаже дека е виновен, му се заканува затворска казна од 15 години.