Во Манчестер Сити загрижени поради приватните проблеми на Гвардиола

Новата сезона во англискиот фудбал е на прагот, а за првпат по подолго време Манчестер Сити во неа не влегува како главен кандидат за титулата.

Тој примат сега го има Ливерпул кој во меѓувреме и значително се засили, а Сити според некои не е ни втор, туку на третото место. Ова не важи само за навивачите и фудбалските аналитичари, туку загрижени за судбината на екипата се и директорите во Манчестер Сити.

Причина за тоа се приватните проблеми на менаџерот Пеп Гвардиола кој во деветте претходни сезони како менаџер, освои дури шест титули. Неодамна тој се разведе од својата соприга Кристина Сера со која беше во брак 30 години и во клубот владее страв дека тоа ќе се одрази и на резултатите.

Кристина не можеше да се навикне на животот во Манчестер и уште пред пет години се врати во Шпанија, но двојката живееше и егзистираше на далечина. Очигледно таквиот живот не им одговарал, па одлучија целосно да се разделат. Гвардиола во декември минатата година го продолжи договорот со Сити до 2027 година, но ако претстојната сезона повторно биде лоша и без трофеи, не е исклучено да си замине по нејзиното завршување.