Сон: Ја донесов најтешката одлука во мојата кариера!

Хеунг-Мин Сон на прес-конференција ја соопшти одлуката да го напушти Тотнем и да побара нов предизвик.

Сон од 2015 година беше во Тотнем каде што пристигна од Баер Леверкузен. Кореецот стана вистинска легенда на клубот, еден од најдобрите фудбалери во историјата, но дојде време за разделба.

На прес-конференцијата по повод пријателскиот меч против Њукасл. Сон потврди дека одлучил да замине.

„Пред да ја почнеме прес-конференцијата, сакам да кажам дека одлучив да го напуштам клубот ова лето. Клубот ми помага со оваа одлука“, открива Сон.

„Ова беше мојата најтешка одлука што сум ја направил во мојата кариера. Имам неверојатни спомени, ми беше многу тешко да ја донесам одлуката“.

„Потребна ми е нова средина. Потребна ми е промена, 10 години е долго време. Дојдов во северен Лондон како дете, 24 години, заминувам како горд маж“.

„Сакам да им се заблагодарам на сите фанови на Тотнем за љубовта која ми ја даваат. Се надевам дека сите ќе ја почитуваат мојата одлука“.

Следна дестинација на Сон треба да биде МЛС, тој е во преговори со Лос Анџелес ФК. Има понуди и од Саудиска Арабија, но се чини дека Америка е дестинацијата која ќе ја одбере.