Лудогорец ја елиминираше Риека, Ренџерс го исфрли Панатинаикос!

Денеска беа одиграни останатите натпревари од второто квалификациско коло во Лигата на шампиони (ЛШ), при што Лудогорец ја елиминира Риека на Јован Манев, додека Ренџерс му пресуди на грчки Панатинаикос.

Лудогорец поведе со голот на Пјотровски од пенал во 19. минута, а Гојак донесе израмнување за Риека во 71. минута. Интересно е тоа што во продолжение хрватскиот шампион доби дури два црвени картони, но и покрај тоа се избори за продолженија.

Риека издржа едно од продолженијата без примен гол, но потоа Чочев и Иванов стрелаа во мрежата на гостинскиот состав за победа на Лудогорец од 3-1.

Ренџерс со предност од 2-0 пристигна во Грција кај незгодниот Панатинаикос, но успеа да преживее, иако имаше негатива од 0-1 од 54. минута кога Ѓуришиќ стрелаше и донесе водство за домаќинот.

Надежта на Панатинаикос дека може да ја анулира негативата од првиот меч згасна во 60. минута кога Гасама погоди за 1-1, по што резултатот не се менуваше.

Да потсетиме, Шкендија го шокира романскиот првак ФЦСБ со 2-1 во реваншот и се пласира во следното квалификациско коло во ЛШ.

Резултати:

Карабах – Шелбурн 1-0 (4-0)
Малме – РФС 1-0 (5-1)
ФЦСБ – Шкендија 1-2 (1-3)
Лудогорец – Риека 3-1 (3-1)
Ференцварош – Ноа 4-3 (6-4)
Макаби Тел Авив – Пафос 0-1 (1-2)
Панатинаикос – Ренџерс 1-1 (1-3)
Салцбург – Бран 1-1 (5-2)
Сервет – Викторија Плзен 1-3 (2-3)

Фото: Facebook/Rangers FC