Познат терминот на следниот меч на Шкендија во ЛШ

Македонскиот шампион Шкендија во третото квалификациско коло од Лигата на шампиони (ЛШ) ќе игра против Карабах од Азербејџан, а сега е познат и распоредот кој повторно не е на страната на тетовци.

Екипата од Тетово го игра првиот меч против Карабах на 5 август на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, додека реваншот е закажан за една недела подоцна во Азербејџан.

Шкендија немаше среќа ниту против ФЦСБ кога станува збор за распоредот, но и покрај тоа успеа да го шокира романскиот првак.

Карабах во второто квалификациско коло од ЛШ го елиминира ирски Шелбурн со 4-0.