Гвардиола си ја отвори душата и најави заминување: Ова ми се случуваше и во Барселона!

Пеп Гвардиола во своето последниот интервју не потврди кога тоа ќе се случи, но најави дека веќе размислува за заминување од Манчесте сити по што ќе направи пауза од фудбалот.

Договорот на Гвардиола со англискиот гигант исткува во 2027 година и според неговата последна изјава на оваа тема многу е веројатно дека истиот нема да биде продолжен.

„Знам дека кога ќе ја завршам мојата епизода со Манчестер сити, ќе застанам, тоа е сигурно. Одлуката веќе ја донесов. Не знам колку таа пауза ќе потрае...година, две, три, пет, десет, петнаесет - не знам.  Но ќе заминам затоа што сакам да се фокусирам на себе и на своето тело“, истакна Пеп.

Призна Гвардиола и дека ова не е првпат во кариеата да чувствува потреба за одмор. Слична одлука донесе кога ја заврши својата играчка кариера и по славниот перод со Барселона. Во двата случаи пресуден фактор кај Шпанецот беше менталниот, а не физичкот замор.

„Мислам дека знам кога е вистинското време да застанам. Ми се случи тоа и во Барселона, дојде момент кога си кажав „доста е“ и одлучив да побарам нов предизвик“, објаснувајќи дека заминувањето од Сити ќе биде промислен потег, не последница на лоши резултати или притисок од јавноста.

Предизвиците во Премиер лигата за Гвардиола со Манчестер сити во новата сезона започнуваат на 16 август кога гигантот од Манчестер ќе се соочи со Вулвс.

Фото: Manchester City/FB