
Ферстапен најбрз на спринт трката во Белгија
Актуелниот шампион го презема првото место уште во првиот круг и успеа да го задржи до крајот. Холанѓанецот издоминира пред дуото на Мекларен.
Ова е прв успех на Ред Бул по ерата на Кристијан Хорнер кој доби шокантен отказ од тимот.
Пјастри заврши на второто место, на победничкиот пиедестал беше и неговиот колега Норис.
Бодови освоија уште и Леклер, Окон, Саинц, Берман и Хаџар.