Ужас во Куманово: Велосипедисти од Исланд прегазени додека тренирале за ЕМОФ!
Несреќата се случила на регионалниот пат Куманово – Свети Николе, во близина на селото Зубовце. Според полицијата, инцидентот бил пријавен вчера, а се случил додека велосипедистите се подготвувале за денешната трка.
„Вчера во 12:09 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово–Свети Николе, атар на село Зубовце, патничко возило ‘фолксваген пасат’ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Н.Б. (42) од Куманово, удрило во двајца малолетни велосипедисти од Исланд, кои се учесници на младинските европски олимписки игри кои се одржуваат во земјава и кои се подготвувале за денешната велосипедска трка“, соопшти полицијата.
Повредените спортисти биле префрлени во Општата болница Куманово, каде им биле констатирани телесни повреди.