Копенхаген со два гола од пенали ѝ пресуди на Дрита

Копенхаген славеше во првиот меч против Дрита со 2-0 во второто квалификациско коло од Лигата на шампиони (ЛШ).

Екипата од Косово успешно парираше до 69. минута кога Магнус Матсон од пенал стрелаше за водство од 1-0 за данскиот тим.

Матсон беше стрелец и на вториот гол за Копенхаген, и тоа повторно од белата точка во 76. минута од натпреварот.

Поразениот од овие две екипи ќе се соочи против Шкендија во третото квалификациско коло од Лигата на Европа, доколку тетовската екипа во меѓувреме испадне од ЛШ од ФЦСБ.