Тага во Фиренца: Поранешен фудбалер на Фиорентина пронајден мртов

Поранешниот фудбалер на Фиорентина, Селесте Пин бил пронајден мртов во неговиот дом во Фиренца.

Пин подолг временски период не излегол од неговиот дом, по што семејството заедно со полицијата го пронашла безживотното тело.

Откако било пронајдено телото на Пин, полицијата отворила истрага за да ја открие вистинската причина за неговата смрт, при што не се исклучува ниту можноста за самоубиство, пишува „Кориере дела Сера“.

На социјалните мрежи од легендарниот фудбалер се збогуваа и од Фиорентина.

„Изразуваме сочувство до семејството на Селесте. Тој засекогаш ќе остане запаметен меѓу навивачите“, соопштија од Фиорентина.

Пин во кариерата играше за Перуџа, Фиорентина, Верона и Сиена, а беше примен во „Куќата на славните“ на тимот од Фиренца во 2022 година.