Челси и Арсенал добија „зелено светло“ од ѕвездата на Лајпциг

Талентираниот фудбалер нд Лајпциг, Чави Симонс планира да го напушти бундеслигашот во летниот преоден рок, а ситуацијата будно ја следат премиерлигашите Челси и Арсенал.

Лондонските гиганти уште пред неколку дена покажаа јасен интерес за Симонс, кој денеска разговарал со управата на Лајпциг и кажал дека сака да замине од Бундес лигата.

Цената на Симонс во моментов изнесува околу 50 милиони евра, а очигледно гигантите од Лондон немаат проблем да ја платат.

Фото: Facebook/RB Leipzig