
Уште една победа во Турција: Тиквеш ја надигра и Адана!
Кавадарчани до водство стигнале со голот на Мишов во 23. минута од пенал, додека конечниот резултат бил поставен во 83. минута со автогол на Адана по одличниот центар-шут на Миловановиќ. Голманот на Тиквеш, исто така имал одлична интервенција, односно им одбранил пенал на ривалите.
Тиквеш на првиот подготвителен натпревар во Турција успеа да слави против Анталијаспор со 4-2.
Фото: ГФК Тиквеш 1930 Кавадарци/FC Tikves 1930 Kavadarci