
Навивачите на Наполи жестоки кон Осимен: Селанецу, запамти дека Марадона играше тука!
Поранешниот идол на фановите на овој клуб лани објави дека никогаш повеќе нема да заигра за Наполи, па откако никој од големите клубови низ Европа не сакаше да го купи, беше испратен на позајмица во Галатасарај. Сега се обидува да издејствува трансфер во истиот клуб, па дури неодамна поднесе медицинско оправдание за да ги избегне подготовките со Наполи. Тоа ги изнервира навивачите на италијанскиот првак кои на плоштадот во Неапол објавија навредлива порака за Нигериецот.
„Осимен, незнаењето секогаш ќе управува со твојот живот. Селанец, запомни дека Марадона играше тука“, напишаа тифозите.
Последните информации се дека Наполи и Галатасарај го договориле трансферот на Осимен за 75 милиони евеа со тоа што 40 милиони ќе бидат исплатени веднаш, а 35 милиони идната година.