
Србија го разочара Симаниќ: Јас вам бубрег и радост, вие мене - понижување и тага!
Поранешниот кошаркар на Црвена Звезда по информацијата дека нема да биде со репрезентацијата остави кратка порака на социјалните мрежи.
„Ти благодарам Србија! Јас вас бубрег, слава и радост, а вие мене понижување, тага и жал“.
Набрзо по објавата во изјава за „Телеспорт“ даде и кратко објаснување.
„Од сојузот стигна порака дека за мене нема место во репрезентацијата. Благодарам“, кратко изјавил Симаниќ.
Ќе потсетиме, Симаниќ на Светското првенство во Манила доживеа тешка повреда поради која мораше да оди на сериозна операција. Подоцна се опорави и се врати дури и во репрезентацијата за која играше и во квалификациите за овогодинешниот Евробаскет.
Фото: Košarkaški savez SRB/X