
Македонија Ѓорче Петров се засили со искусен напаѓач од БиХ
Станува збор за напаѓач кој целата своја кариера ја поминал во босанскиот фудбал каде што настапувал за повеќе клубови, а последниот ангажман го имаше во редовита на Игман Коњиќ.
Тој е петтото засилување за тимот на „лавовите“ по потписот на Дарко Глишќ, Мартин Талаков, Мухамед Елмас и голманот Ристо Јанков.
Македонија Ѓорче Петров го промовираше и Французинот Сила, но тоа повеќе беше маркетиншки потег на тимот од Ѓорче.