Хорор повреда во натпреварувањето каде што е и нашиот Славески! (ВИДЕО)

Мечот меѓу Геј Перез и Ендру Строд беше прекинат поради необична повреда на еден од борците, инцидентот се случи на БКФЦ 78 (бокс со голи раце) настанот, натпреварувањето во кое се бори и нашиот Гого Славески.

Од удар на противникот на Геј Перез му беше откинато увото, на снимката може да се види како му е разделено. По консултација со лекарите борбата беше прекината.

Се очекуваше Строд да биде прогласен за победник, но судиите неочекувано прогласија крај без победник без дополнително објаснување по што се кренаа лавина негативни коментари.

Со ова Перез остана непоразен во БКФЦ по четири борби. Строд се обидуваше да дојде до четвртата победа по ред. Но, не му беше дозволено.

Како и да е, повредата на Перез ќе остане како една од најбизарните во боречките вештини оваа година.

Нашиот Гого Славески е една од главните ѕвезди во ова натпреварување, тој својата наредна борба ќе ја има на 2 август.