Падна договор, Реал Мадрид купи дефанзивец од Бенфика за 50 милиони евра!

Во текот на денешниот ден официјално треба да биде потврден трансферот на Алваро Карерас од Бенфика во Реал Мадрид.

Се работи за 22-годишен лев бек за кој Реал Мадрид одвои дури 50 милиони евра.

Преговорите меѓу Реал Мадрид и Бенфика траеа некое време и конечно двете страни си подадоа рака.

Во текот на денешниот ден се очекува дека овој трансфер и официјално ќе биде потврден.

Чаби Алонсо сака да го засили тимот со неколку нови фудбалери, а играчи во дефанзивата се негов приоритет.