Спектакл за крај на Вимблдон: Алкараз сака хет-трик, Синер игра за првенец!

Ривалството кое веќе сега обележува нова ера во светот на тенисот денеска од 17:00 часот ќе добие ново продолжение и тоа во финалето на Вимблдон.

Нема дилеми дека Синер и Алкараз во овој момент се најдобрите тенисери во светот, а Шпанецот денеска игра за својот трет трофеј во низа, додека Синер го игра своето прво финале на најпрестижниот грен-слем турнир и се надева дека ќе дојде и до првиот трофеј.

Алкараз и Синер ги освоија последните шест грен-слем титули и нивните меѓусебни дуели се почесто потсетуваат на пресметките кои низ годините ги имаа Федерер, Надал и Ѓоковиќ.

Финалето на Вимблдон доаѓа само 35 дена откако во епската битка за трофејот на Ролан Гарос, Алкараз го сврти резултатот откако губеше со 0-2 во сетови и спаси три меч топки.

„Не се чувствувам како Рафа и Роџер и енергијата меѓу нас двајца е дефинитивно поинаква“, изјави Алкараз за нивното ривалство.

Синер остана број еден на АТП листата и покрај суспензијата на три месеци поради допинг, меѓутоа Алкараз води во меѓусебните пресметки и има осум победи во 12 дуели, посебно импресивно за Алкараз е што славеше на последните пет во низа.

„Кога Синер го игра својот најдобар тенис, единствениот кој може да го победи е Алкараз“, изјави легендарниот Џон Мекинро.

Статистиката и бројките можат да значат во денешнот меч, но и не мора, а љубителите на тенисот се надеваат дека може да гледаме нов спектакл.

Фото: Wimbledon/FB