
Ливерпул подготвува трансфер-бомба, но мора да жртвува тројца фудбалери!
Исак долго време е главна желба на „црвените“ за нивниот напад и планираат да го реализираат трансферот во текот на летниот преоден рок, меѓутоа најпрво Ливерпул мора да ги продаде Ибрахима Конате, Харви Елиот и Луиз Диаз.
Конате е блиску до трансфер во Реал Мадрид за околу 46 милиони евра, Елиот привлече интерес од неколку екипи, а неговата цена е 57 милиони евра, додека Ливерпул за услугите на Диаз бара 60 милиони евра.
Според шпекулациите на англиските медиуми, Ливерпул е подготвен да плати околу 150-160 милиони евра за Исак по продажбата на споменатите фудбалери.
Фото: Facebook/Liverpool FC