
Синер имаше необичен тренинг пред дуелот со Ѓоковиќ – трчаше бос по трева!
Италијанецот, кој денеска ќе се соочи со Новак Ѓоковиќ во второто полуфинале, вчера одработи поинтензивен тренинг, а по завршување на сите „обврски“ ги соблече патиките и бос почна да трча по тревната подлога – техника што неговиот тим ја нарекува „уземјување“, со цел подобра стимулација на нервите во стапалата, релаксација на мускулите и побрзо опоравување.
Синер тренираше со сонародникот Пјерлуиџи Базиле, а на раката повторно носеше стегач, бидејќи претходно се жалеше на болки во лактот. За разлика од претходните денови, кога вежбаше во полесен ритам, овојпат влезе со зголемен интензитет, што е добар знак за него пред дуелот со Ѓоковиќ.
Претходно, во првото полуфинале на Вимблдон, силите ќе ги одмерат Карлос Алкараз и Тејлор Фриц.
ФОТО: X / @nishikoripicks