
„Искуство и сила на десната страна“ – Сарајево моќно го потврди Ристовски!
Ристовски со Сарајево потпиша договор на две години со опција да биде продолжен на уште една и во клубот очекуваат да биде големо засилување.
Босанскиот клуб го најави како фудбалер кој би можел да донесе искуство и сила по десната страна.
Покрај Ристовски наскоро во Сарајево би можел да пристигне и Агон Елези кој исто така се поврзува со овој клуб, а ќе потсетиме од неодамна за технички директор беше назначен поранешниот македонски репрезентативец Крсте Велкоски.