Швјонтек фуриозно до финале со Анисимова!

Полската тенисера Ига Швјонтек се пласираше во финалето на Вимблдон откако без поголеми проблеми и во два сета со само два изгубени гема (6-2, 6-0) ја совлада Швајцарката Белинда Бенчиќ.

Мечот траеше само 71 минута и Швјонтек доминираше од почетокот до крајот, па така некогаш најдобрата тенисерка во светот ќе има прилика за првпат да стигне до титулата на Вимблдон.

Во ниту еден момент Бенчиќ денеска не беше закана за расположената Швјонтек која во финалето ја чека Аманда Анисимова која претходно приреди големо изненадување и ја елиминираше Арина Сабаленка.

Финалето е закажано за в сабота од 17:00 часот по средноевропско време.