Пелистер во Бугарија ќе се бори за место во ЛШ

Македонскиот кошаркарски прволигаш Пелистер ќе се соочи против италијански Реџио Емилија во првото коло од квалификацискиот турнир за Лигата на шампиони (ЛШ) на ФИБА, а натпреварувањето ќе се игра во Самоков, Бугарија.

ФИБА ја одреди Бугарија како домаќин за квалификацискито турнир, па така кошаркарите на Пелистер ќе излезат на теренот на 19 септември против италијанскиот состав.

Победникот од оваа средба ќе продолжи во полуфиналето, каде што ќе се соочи против победникот од мечот меѓу Орадеа од Романија и Антверпен од Белгија.