Донарума го крена во раце за да бакне русокоса секс-бомба на трибините (ФОТО)

Бразилскиот фудбалер, Лукас Бералдо, се најде во центарот на вниманието по синоќешната убедлива победа на неговиот ПСЖ против Реал Мадрид (4-0), со која „светците“ обезбедија пласман во финалето на Светското клупско првенство (СКП) во САД.

Причина за тоа не беше само неговата добрата партија, туку и емотивен гест по натпреварот. Со помош на голманот Џанлуиџи Донарума, тој успеа да стигне до сопругата Рафаела, русокоса секс-бомба, која го следеше натпреварот од првите редови на трибините, за да ѝ подари бакнеж. Со оглед што трибините беа високи и недостапни за директен контакт, Донарума го подигна Бералдо, овозможувајќи му на Бразилецот романтичен момент што беше овековечен на фотографија која бргу се прошири низ светските медиуми.

ПСЖ, како европски шампион, во финалето ќе се соочи со англискиот претставник Челзи, победникот на Конференциската лига.