
Наполи ќе го лови Гарначо со помала сума од онаа која ја понуди во јануари!
Наполи во јануари понуди 60 милиони фунти за Гарначо, во него гледаа замена за Кварацхелија кој тогаш потпиша за ПСЖ. Но, Манчестер Јунајтед тогаш го одбија италијанскиот шампион.
Сега Наполи се враќа повторно по Гарначо, но овојпат нуди 45 милиони фунти.
Наполитанците знаат дека сега ситуацијата на Гарначо е променета и ќе се обидат да го искористат тоа.
Аргентинецот се скара со тренерот Рубен Аморим и веќе не е во неговите планови. Манчестер Јунајтед бара купувач за Гарначо ова лето.
Засега не се шпекулира со некој преголем интерес за фудбалерот, па Наполи ќе се обиде да си ја оствари јануарската желба со помала сума од тогаш понудената.
Фото: X/ManUtd