Готово е: Лука Модриќ е нов фудбалер на Милан!

Големата хрватска и светска фудбалска легенда, Лука Модриќ синоќа го одигра последниот натпревар за Реал Мадрид, а сега ја започнува преселбата во Милан кој ќе биде негов следен клуб.

Фабрицио Романо утринава потврди дека работата е завршена. Како што и се шпекулираше претходно, Модриќ доаѓа во Милан.

Хрватот веќе потпишал едногодишен договор со Милан со трајност до јуни 2026 година.

Наскоро се очекува да стигне и официјална потврда од Милан.