Луис Енрике застана во одбрана на Алонсо: Не може да го судите по овој натпревар!

ПСЖ на Луис Енрике синоќа го демолираше Реал Мадрид, го понижи надигрувајќи го и победувајќи со 4-0.

Реал Мадрид играше бледо, направи катастрофални грешки, немаше идеја во нападот, успеа да шутне само двапати во рамките од голот на Донарума, па многумина се прашуваат дали Чаби Алонсо е вистинското решение.

Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике на прес-конференцијата по мечот застана во одбрана на Алонсо.

„Чаби Алонсо не треба ништо да докажува. Него му требаат подготовки. Неговиот проект само што започна. Јас на овој проект работам повеќе од две години, па не може да правите споредби“, вели Луис Енрике.

„Не можете да го судите Алонсо. Тој немаше време да работи на било што уште. Потребно му е време“.