Белингем оди на операција, го очекува долга пауза!

Ѕвездата на Реал Мадрид, Џуд Белингем ќе прави операција на рамото поради која подолго време ќе биде надвор од теренот.

Англичанецот некое време се мачеше со повредата на рамото, беше одлучено проблемот да биде решен со операција по завршувањето на Светското клупско првенство.

Реал Мадрид вчера го заврши настапот на ова натпреварување, па Белингем наскоро ќе ја направи најавената операција.

Според шпанските медиуми, тој ќе биде во аут во наредните 3-4 месеци, а тоа значи дека ќе пропушти повеќе натпревари од воведниот дел од сезоната.