Жоао Педро откако ги елиминираше „своите“: Тие ми дадоа сѐ, но јас сум професионалец!

Жоао Педро беше емотивен на прес-конференцијата по натпреварот меѓу Челси и Флуминенсе во кој тој со два гола го елиминираше својот поранешен клуб.

Тоа за Жоао Педро беше прв старт за Челси, даде два гола и покажа дека може да биде големо засилување.

Но, судбината сакаше тоа да се случи против неговиот порнашен клуб Флуминенсе. Бразилецот не се радуваше на головите, а по мечот објасни и зошто.

„Едноставно е, кога бев млад, немав ништо. Флуминенсе ми даде се. Тие ме покажаа на светот. Тоа што сум тука е бидејќи тие веруваа во мене. Па многу сум благодарен, но ова е фудбал. Треба да бидам професионален. Жал ми е за нив, но требаше да си ја завршам мојата работа“, вели Жоао Педро.