Јамал подготвува спектакл на роденденот, но има едно правило за гостите!

Талентираниот шпански репрезентативец Ламин Јамал на 13 јули ќе наполни 18 години, а за неговиот роденден подготвува вистински спектакл.

Јамал подготвува спектакуларна забава на која ќе бидат поканети голем број гости. Таа ќе биде одржана на Ибица, но ќе важи и едно правило за гостите, а тоа е дека не смеат да користат мобилни телефони.

На влезот на забавата ќе мора да ги остават своите мобилни уреди за да не се појават фотографии на социјалните мрежи од роденденот.

Фото: Facebook/FC Barcelona