Сабаленка без загубен сет се пласира во четвртфинале на Вимблдон

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка продолжи да игра во врвна форма, па денеска ја декласира Елисе Мертенс со 2-0 во сетови, односно 6-4 и 7-6.

Сабаленка доминираше од самиот почеток на дуелот и во првиот сет славеше со 6-4, додека Мертенс даде поголем отпор во вториот сет и избори тај-брејк, но таму Белорусинката победи со 7-4.

Првата тенисерка на ВТА-листата игра во извонредна форма на Вимблдон и се пласира во четвртфинале без загубен сет.

Фото: EPA PHOTO