Британците жестоко го нападнаа новиот систем на Вимблдон – инициран од Ѓоковиќ!

Британските тенисери Ема Радукану и Џек Дрејпер остро го нападнаа автоматскиот систем, кој годинава ги замени линиските судии на Вимблдон, а кој првично беше предложен од Новак Ѓоковиќ.

Радукану, која загуби во два сета од Арине Сабаленка, остро го критикуваше системот, велејќи дека донел неколку погрешни одлуки за време на натпреварот. Таа дури имала и вербална расправија со судијата поради една спорна ситуација.

„Да, сигурна сум дека таа топка заврши во аут. Разочарувачки е што системот греши. Имав неколку мечеви каде што одлуките беа очигледно погрешни. Се надевам дека ќе го поправат тоа“, изјави Радукану.

Сличен став имаше и Џек Дрејпер, кој беше елиминиран од Марин Чилиќ. По поразот, тој истакна дека системот не е сто-отстотно точен.

„Неколку топки оставија јасни траги на теренот и нема шанси да не се забележат. Системот не е совршен“, рече Дрејпер.

И шпанскиот тенисер Карлос Алкараз изрази сомнеж по натпреварот против Јан Ленард Штруф, велејќи дека некои електронски одлуки биле сомнителни. На бројните реакции се огласи и директорот на Вимблдон, Џејмс Бејкер, кој ги бранеше новите технологии.

„Овој концепт на судење е новиот стандард. Други гренслем-турнири го користат веќе четири-пет години. Прецизноста на системот е на највисоко ниво“, истакна Бејкер.

Системот беше првично поддржан од Новак Ѓоковиќ, кој пред неколку години предложи ваква технологија да се користи, особено на земјени терени.

ФОТО: EPA PHOTO