
Мухарем се врати во Шкупи, Башкими се засили со искусен напаѓач од БиХ!
Шкупи го официјализира враќањето на офанзивниот играч за врска, Сухејл Мухарем (23), за кого ова е враќање во тимот каде што ја започна својата кариера. Тој потекнува од младинската школа на чаирскиот тим, има настапувано и за Ренова, Работнички и Струга Трим Лум, а последната полусезона ја мина во косовскиот Фероникели.
Кумановски Башкими, пак, кој сезонава ќе дебитира во елитната конкуренција, се засили со босанскиот напаѓач Недим Хаџиќ. Станува збор за 26-годишен фудбалер со интернационално искуство, кој кариерата ја почна во академијата на Сараево. Тој подоцна играше во Португалија, Хрватска, Словенија, како и во Босна и Херцеговина. Негова последна станица беше хрватскиот НК Оријент 1919, од каде што доаѓа во редовите на новиот македонски прволигаш.